stand out - онтологија

искокне повеќе

искокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се покаже над другите, се издели од другите.
Албански: dallon nga tjerët
Примери:
Меѓу толкумина тој искокна пред другите.

одудри повеќе

одудрат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разликува, упаѓа во очи.
Српски: одударати
Употреба: Дијалектен збор

прчи повеќе

прчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подава нанапред, истакнува некој дел од телото (усни, гради; кај животно - муцка, опашка).
Примери:
Таа силно ги прчеше усните кон огледалото.

стрчи повеќе

стрчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се истакнува, паѓа в очи.
Албански: bie në sy, qëndron mbi sipërfaqe
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој секогаш стрчи меѓу другарите.